Расте бројот на жртви во Албанија - 24 лица загинаа, 650 се повредени

Бројот на загинати во вчерашниот страотен земјотрес во Албанија се искачи на 24, повредени се 650 граѓани, а спасувачите успеале да пронајдат 45 лица под урнатините.

Силните потреси, од кој насилниот беше со јачина од 6,4 степени според Рихтер, урнаа голем број станбени згради и еден хотел во Драч каде се регистрирани и првите жртви, двајца браќа од Косово. Меѓу жртвите е и еден млад човек кој штотуку излегол од затвор, откако судот го прогласил за невин, како и еден полицаец на должност.

Друго лице е пронајдено мртво откако скокнало од балконот на станот, панично бегајќи од потресот. Диана Мечај (30) која била извадена жива од урната на шесткатница во Драч, починала во болница, како резултат на повредите.

Според медиумите, претходно од урнатините била  извадена нејзината 8-годишна ќерка. Медиумите известуваа дека во Драч, под  урнатините кои ги направи разорниот земјотрес се наоѓа цело семејство, за кое доцна во ноќта траела спасувачката акција.

Спасувачите во меѓувреме успеале да спасат 17-годишен тинејџер, под урнатините на неговиот дом во Драч. Тој побарал помош преку својот мобилен телефон.

Во Тумане, локалното население барајќи под урнатините заедно со спасувачките екипи ги извикуваат имиањата на своите најблиски : „Мира!“, „Ариела!“, „Селви!“, во надеж дека ќе бидат пронајдени.

Војска, полиција и екипи на итна помош ги пребаруваат остатоците од урнатините во надеж дека ќе спасат евентуални преживеани.  Македонската влада и градот Скопје  испратија спасувачки екипи и механика кои треба да помогнат во спасувачките акции.Градот Скопје испрати две екипи, едната екипа е составена од четири пожарникари, а втората екипа е составена од двајца коишто ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за да се откријат евентуални преживеани во урнатините, како и беспилотно летало коешто ќе врши 3Д мапирање на теренот со цел штетите коишто се настанати и оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место.

Синоќа околу 18 часот нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди регионот околу Драч. Стотици жители на градот се плашеа да се вратат во своите домови и ноќта ја поминаа во импровизирани шатори на улиците на Драч.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.