Напаѓачот на Лондонскиот мост претходно бил осудуван за тероризам

Британската полиција соопшти дека напаѓачот кој на Лондонскиот мост уби две лица и рани уште тројца, е Усман Кан (28), кој издржувал затворска казна поради тероризам.

 

Како што се наведува, живеел во областа Стафордшир во централна Англија. Полицијата вчера го уби на Лондонскиот мост по нападот со нож во кој беа убиени две лица.

 

Шефот на силите за борба против тероризам, Најл Басу рекол дека Кан бил осуден во 2012 година за терористички дела и дека бил пуштен во декември 2018 година, „по дозвола“ - што значи дека морал да исполни одредени услови за да не се врати во затвор.

 

Полицијата соопшти дека повеќе не бара никого во врска со нападот. Британските медиуми пак пренесуваат дека напаѓачот бил поврзан со исламска милитантна група.

 

Полицијата го прогласи нападот на Лондонскиот мост за терористички напад.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.