Трамп: Коментарите на Макрон за НАТО се навредливи и одвратни
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Декември 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за мозочната смрт на НАТО биле многу навредливи за останатите 28 членки на алијансата.
„Никој нема поголема потреба од НАТО отколку Франција“, рече Трамп, додавајќи дека изјавата на Макрон за алијансата е многу одвратна, пренесе агенцијата АП.
Макрон во неодамнешно интервју за „Економист“ рече дека алијансата е во состојба на „мозочна смрт“ и повика Европа да создаде своја безбедносна структура.
Предвидено е Трамп денеска да се сретне со Макрон, на маргините на самитот на НАТО.
Американскиот претседател исто така предупреди дека работите ќе станат многу тешки за ЕУ, ако сојузот не го подобри својот однос кон трговијата и НАТО, додаде „Ројтерс“.
„Европската Унија во однос на трговијата се однесува многу, многу неправедно кон САД“, рече Трамп на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Лондон.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс