Макрон повтори дека НАТО е во состојба на мозочна смрт

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повтори ставот дека НАТО е во состојба на мозочна смрт, на разочарување на членките на Алијансата пред самитот во Лондон.

 

„Сè уште мислам така“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со американскиот претседател, Доналд Трамп.

 

Неколку часа претходно, Трамп рече дека ставот на Макрон е „многу навредлив“ за Алијансата, која утре одбележува 70 години постоење.

 

Макрон во ноември изјави дека НАТО е во состојба на мозчна смрт, објаснувајќи го тоа со намалениот американски ангмажман и однесувањето на Турција.

 

Францускиот претседател изјави денеска дека Турција понекогаш соработува со посредниците на Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), додавајќи дека на Турција се уште ѝ се замерува затоа што се бори против курдските борци во северна Сирија бидејќи, како што рече, овие борци помагаат во борбата против џихадистите.

 

„Турција се бори против оние кои се бореа заедно со нас. И понекогаш соработува со посредниците на ИСИЛ“, рече Макрон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.