„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа.15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, а последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.

 

Разузнавањето на Франција, Швајцарија и Велика Британија презеле операции за потрага по руските шпиони. Еден од тие 15 агенти бил идентификуван од британските служби како еден извршителите на нападот во Солсбери во март минатата година во кој беа затруени Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.Шпионите, според весникот дејствувале во Велика Британија, Бугарија, Црна Гора, Крим и Молдавија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.