150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот повторно кон најголемиот австралиски град - Сиднеј.

 

Најмалку четири луѓе загинаа во пожари од почетокот на ноември, а повеќе од 680 куќи се уништени. Активни пожари има во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квинсленд.

 

Најголем број од пожарите избувнаа на источниот брег на Австралија, додека пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола и осумте пожари околу Сиднеј, каде живеат околу пет милиони луѓе. Гаснењето на огнената стихија е отежнато поради силниот ветер којшто го шири огнот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.