Меркел и Моравјецки положија цвеќе на Ѕидот на смртта во Аушвиц

Германската канцеларка Ангела Меркел и полскиот премиер Матеуш Моравjeцки положија цвеќе на Ѕидот на смртта во поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц-Биркенау и им оддадоа почит на жртвите од концентрацискиот логор, најголемиот што го покрена Хитлерова Германија за време на Втората светска војна во окупирана Полска.

 

Ангела Меркел доаѓа во Аушвиц за првпат во текот на нејзиниот мандат и по Хелмут Шмит и Хелмут Кол е третиот германски канцелар што го посети логорот, кој стана симбол на монструозноста на холокаустот.

 

Поводот што Меркел им оддава почит на милиони жртви на холокаустот и на жртвите на самиот логор во кој се убиени, особено во гасните комори над 1,1 милион луѓе, претежно Евреи, но и Синти и Роми, Полјаци, советски воени затвореници и припадници на други европски нации, 10-годишнината од основањето на Меѓународната фондација Аушвиц Биркенау.

 

Фондацијата собира пари од влади и меѓународни донатори за реновирање, зачувување и одржување на логорскиот комплекс.

 

Веќе при основањето на фондацијата, која имаше за цел да собере 120 милиони евра, Германија плати половина од сумата.

 

Канцеларката Меркел сега објави дека Германија ќе плати уште 60 милиони евра за  благодарение на подароците од 30 земји низ целиот свет дасе добијат пари за конзерваторски работи и да се избегне уништувањето на меморијалниот комплекс кој е важен за целото човештво.

 

Меркел и Моравјецки зборуваат како главни гости на одбележување на 10-годишнината од основањето на Фондацијата и заедно подоцна ќе положат венци и ќе запалат свеќи пред главниот Споменик на жртвите на холокаустот пред урнатините на поранешните гасни комори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.