Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје.

 

Полицијата соопшти дека се уапсени осум мажи и три жени кои поседувале големо количество оружје, меѓу кое и огнено, како и над 100 куршуми.

 

Специјалните служби претпоставуваат дека групата планирала да го употреби оржјето за време на денешните собири и на тој начин да ја дискредитира полицијата.

 

Осомничените се уапсени поради поседување огнено оружје без дозвола, носење предмети кои можат да причинат штета, за поседување забрането оружје и за незаконско собирање.

 

Првпат од почетокот на протестите е одземен пиштол, што предизвикало вознемиреност меѓу органите на редот и мирот. Одземени се и палки, ладно оружје, солзавци и два панцира.

 

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Хонгконг за да одбележат половина година од портестите против властите на оваа автономна кинеска територија, пренесува агенцијата АП.

 

Според информиациите, демонстрантите, извикувајќи „Борба за слобода“ и „Заедно Хонгконг“, формирале огромна поворка низ центарот на градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.