Франција штрајкува: „Нема пауза ниту за Божиќ, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Декември 2019
Жителите на Париз денеска може да користат само две линии од градското метро, бидејќи штрајкот на работниците поради пензиските реформи влезе во осмиот ден.
Тензии владеат во неколку региони во земјата, а полицијата утрово употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Нант, додека на протестите во Марсеј беа запалени возила, објави агенцијата АП.
Синдикатите цврсто ги отфрлија новите предлози на владата на претседателот Емануел Макрон, постепено да се спроведе план според кој најмладите работници во Франција, родени по 1974 година, би работеле до 64 години наместо до 62 со цел да дојдат до целосна пензија.
„Нема пауза за Божиќ, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“, предупреди денеска Лорен Брун од синдикатот Конфедерација на трудот.
Отфрлањето на најновите предлози на владата, упатуваат на тоа дека работничките лидери се решени да штрајкуваат без ограничувања.
Иако парижаните се најмногу погодени, со оглед на тоа што највеќе се потпираат на јавниот превоз, јавноста има разбирање за демонстрациите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс