Европските лидери го повикаа Иран да се придржува кон нуклеарниот договор

Лидерите на Франција, Германија и Велика Британија Емануел Макрон, Ангела Меркел и Борис Џонсон остануваат посветени на зачувување на договорот за нуклеарна програма на Иран, барајќи од Техеран да ги укине сите мерки спротивни на виенските договори, се вели во заедничката изјава на државните лидери, објавија светските агенции.

 

„Остануваме посветени на Договорот и сакаме да го одржуваме. Го повикуваме Иран да ги отстрани сите мерки што не се компатибилни со Договорот“, се вели во заедничката изјава на лидерите на трите држави, лиферувана од канцеларијата за печат на Елисејската палата.

 

Меркел, Макрон и Џонсон исто така го повикуваат Иран да се воздржи од какви било понатамошни акти на непријателство и напоменуваат дека тие се уште се подготвени да стапат во дијалог со Техеран, за да се одржи стабилноста во регионот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.