Откриени неексплодирани бомби од Втората светска војна во Дортмунд, евакуирани над 14.000 луѓе

Околу 14.000 жители на германскиот град Дортмунд се евакуирани, откако се пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна.

 

Градските власти од вчера започнаа да ги преместуваат луѓето од густо населениот дел во градот, а за нив е организирано времено засолнување во едно училиште.

 

Затворен е и главниот влез на централната железничка станица.

 

Полицијата потврди дека две од четирите откриени бомби се неексплодирани и се од Втората светска војна. 

 

Бомбите се откриени во близина на две болници и пациентите се префрлени во други здравствени установи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.