Нoва опасност во Австралија, се појавија смртоносни пајаци (ВИДЕО)

Австралија годинава се соочи со екстремни пожари, поплави и град. Експертите сега предупредуваат на нова опасност - смртоносни пајаци.

 

Катастрофата што ја зафати Австралија во последните месеци создаде совршени услови за нивно размножување.

 

Влажните шумски области во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по нивниот многу токсичен и брзодејствувачки отров.

 

https://www.facebook.com/AustralianReptilePark/videos/754872608368436/

 

Поради потенцијалната опасност, австралискиот парк на рептили со седиште во Сомерсби, Нов Јужен Велс исто така објави дека има зголемување на присуството и активноста на овие пајаци последниве денови.

 

„Поради неодамнешниот дожд и топлите денови што ги доживуваме, смртоносните пајаци ќе почнат да се движат насекаде. Тие се едни од најопасните пајаци на планетата и ние мора да го сфатиме овој проблем многу сериозно“, рече портпаролот на паркот Даниел Рамсај во видеото објавено на „Фејсбук“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.