Уапсени 23 лица за криумчарење 10.000 мигранти во Велика Британија

Во Франција и Холандија се уапсени 23 лица осомничени за криумчарење на околу 10.000 мигранти кои во ладилници биле пренесувани во Велика Британија.

 

Француската погранична полиција во соработка со француската и холандската полиција разби ирачко-курдска мрежа на криумчари на луѓе, со поддршка на Европол и Евроџаст.

 

Во претреси на повеќе локации, полицијата пронашла мигранти, кои биле одведени на сигурно месо, соопшти Европол.

 

Во Франција се уапсени 19 лица, во Холандија четири, а одземена е и поголема количина оружје и возила. Постои сомневање дека оваа група обезбедила транспорт за околу 10.000 мигранти од Авганистан, Иран, Ирак и Сирија од Франција во Велика Британија.

 

Мигрантите биле пренесувани во услови опасни за живот, затворени во камиони ладилници.

 

Мигрантите плаќале до 7.000 евра за тоа опасно патување. Уплатите се вршеле преку тајниот банкарски систем „хавала“, со кој управувал осомничен од Холандија. Постои сомнеж дека оваа криминална група се стекнала со околу 70 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.