Елизабета Втора го одобри нацрт-законот за излез од Велика Британија

Британската кралица Елизабета Втора го одобри нацрт-законот за излез на Велика Британија од Европската унија, пренесоа агенциите.

 

Ова беше последниот официјален чекор кој го отвора патот за Brexit на 31 јануари.

 

Претходно, законот беше одобрен од Долниот дом и беше изгласан од страна на Домот на лордовите.

 

„Понекогаш имавме чувство дека никогаш нема да стигнеме до финишот на Brexit, но тоа го сторивме“, рече британскиот премиер Борис Џонсон. „Сега можеме да ги заборавиме поделбите и горчината во последните три години и да се фокусираме на влез на посветла и повозбудлива иднина“, додаде тој.

 

Европскиот парламент исто така мора да го ратификува договорот и тоа ќе се случи на 29 јануари. Велика Британија е првата земја членка што ја напушта ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.