Бурата Глорија однесе 7 жртви во Шпанија

Седум лица станаа жртви на невремето, кое ја погоди Шпанија со силен ветер и обилен снег. Четворица лица се пријавени како исчезнати.

 

Ветровите со сила на урагани и огромните бранови во крајбрежните градови, сериозно ги оштетија продавниците и рестораните, уништија објекти на плажите и поплавија улици во источниот дел на земјата.

 

Во јужна Франција 1.500 луѓе беа евакуирани бидејќи две реки брзо се прелеваат. Метеоролозите велат дека дождовите ќе продолжат и денеска со различен степен на интензитет во најјужните делови во Франција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.