13 смртни случаи на грип во Грција

Бројот на починати од грип во Грција се зголеми на 13 од минатиот октомври. Националната здравствена организација известува за зголемување на посетите кај лекарите со симптоми на грип, пренесуваат медиумите.

 

Пет од смртните случаи се од минатата недела и истите ја поттикнаа загриженоста кај здравствените власти за опасност од епидемија на грип. Тие ги охрабруваат лицата со симптоми на грип да останат дома и советуваат почесто да ги мијат рацете за да избегнат ширење на бактерии.

 

Од октомври се пријавени вкупно 59 сериозни случаи на грип, од кои 25 добиле вакцина против грип.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.