14 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во силниот земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 6,8 степени во источна Турција беше регистриран 22:49 по локално време.

 

Епицентарот бил на околу 200 километри северо-источно од Газиантеп и длабок само 2 километри. Загинаа 14 лица, објави Ројтерс. Повеќе од 200 се повредени. Бројот на жртви може да се зголеми.

 

Во градовите во близина на епицентарот има срушени згради и материјална штета.

 

Пожар избувнал во градот Елазаг како резултат на протекување на бензин.

 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас го повикал својот турски колега Мевлуд Чавушоглу и понуди помош во справувањето со штетите од земјотресот.

 

Турција се наоѓа во сеизмички активна зона и честопати страда од силни земјотреси. На 23 јануари земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер ја погоди западната турска провинција Маниса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.