ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Бројот на жртви се зголемува, илјадници останаа без покрив над главата

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се зголемува. Потврдени жртви засега се 35.

 

Сепак, ова не се конечни бројки, известуваат локалните медиуми. Повредени се скоро 1.500 лица. 5-годишно девојче е пронајдено живо под урнатините. Неговата мајка, исто така, преживеа и беше извлечена од спасувачите откако останала повеќе од 20 часа под урнатините. Во тек е голема операција за спасување, но како што одминува времето, шансите да се најдат живи лица се намалуваат.

 

Илјадници граѓани останаа без покрив над глава, по силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени. Анкетата за штети потврди повеќе од 600 сериозно оштетени згради. Уште 400 претрпеа штета што допрва треба да се процени. Засега, луѓето се сместени во шатори, спортски сали и други јавни згради, а времето е многу студено со што се отежнува и грижата за поврдените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.