Макрон позајмил автомобил откако се расипало неговото блиндирано „рено“

Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа мала незгода за време на посетата на Полска - се распипа неговиот официјален блиндиран „рено еспас“.

Макрон секогаш користи француски автомобили, а во блиндираниот „рено еспас“ се вози од 2017 година, од кога стана претседател.

Според полскиот весник „Џјеник“, по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Макрон влегол во својот „еспас“ за да ја продолжи посетата на земјата, но блиндираното „рено“ не сакало да запали, пренесува „Спутник“.

Бидејќи Макрон не сака да се вози во автомобили што не се произведени во Франција, решението требало да се најде брзо.

Во пресрет излегол францускиот амбасадор во Варшава, Фредерик Бије, кој го понудил својот службен „ситроен Ц6“, па така накратко овој автомобил послужил како претседателска лимузина, пренесува руската агенција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.