Во пожар во сиропиталиште на Хаити загинаа 13 деца

Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште близу главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на децата.

 

Една од вработените рекла дека видела како од сиропиталиштето изнеле 13 детски тела. Таа додала дека пожарот избил вчера околу 21 часот и дека на пожарникарите им требало околу час и половина додека да стигнат на местото.

 

Меѓу загинатите деца се и седум бебиња или мали дечиња, а другите шест биле на возраст од 10 или 11 години. Вработените рекле дека во сиропиталиштето користеле свеќи поради проблеми со генераторот за струја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.