Подводен земјотрес ја потресе Грција

Подводен земјотрес го потресе јужниот грчки остров Карпатос во Егејот, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

 

Според грчкиот институт за геодинамика, земјотресот имал јачина од 4,8 степени.

 

Земјотресот е регистриран во 6.02 часот на длабочина од 12,6 километри. Неговиот епицентар бил 39 километри северозападно од Карпатос.

 

Засега нема извештаи за уништување и за жртви.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.