Кристалина Георгиева: Државите треба да разработат одговор на епидемијата на коронавирусот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се надева дека националните влади и централните банки ќе развијат одговор на епидемијата на коронавирус кога ќе се разјасни неговото влијание врз економијата.

 

Ова го изјави денеска директорот на Фондот, Кристалина Георгиева, во говорот на безбедносната конференција во Минхен, јавија агенциите.

 

Според неа, следните неколку недели ќе бидат пресудни во создавањето на целокупната слика за влијанието на инфекцијата во Кина и ширум светот. „Значи, тогаш можеме да се договориме за синхронизирани или подобро координирани мерки за заштита на светската економија од посериозен земјотрес“, им рече Кристалина на делегатите. „Можеме ли да го сториме тоа? Да. Дали ќе го сториме тоа? Јас навистина мислам дека ќе успееме“, истакна таа.

 

Во својот говор, Георгиева предупреди да не се прават прогнози засега заради недостаток на доволно информации и истакна дека експертите кои прават прогнози за влијанието на епидемијата врз економијата, ризикуваат. Шефот на ММФ рече дека нејзините најголеми стравови биле контролирање на епидемијата и обнова на економијата за да се спречи ерупција на нова вирусна епидемија. Кристалина Георгиева порача луѓето „да се молат за најдобро и да се подготват за најлошото“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.