Три жртви во невремето во Велика Британија

 

Бројот на загинатите во невремето Денис коешто ја зафати Велика Британија се искачи на три лица, откако е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната.

По невремето следуваа предупредувања за поплави опасни по живот, издадени се дури 480 предупредувања за поплави низ Англија, што досега е најголем број.Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.

Во Германија пак, во невремето Денис повредени се девет лица.Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траекти меѓу Данска и Норвешка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.