Инаугурација во Загреб, Милановиќ ќе стане петтиот хрватски претседател

Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран како претседател на Хрватска.Тој ќе ја наследи Колинда Грабар-Китаровиќ и ќе стане петтиот претседател на Хрватска.

        

 

Претседателската инаугурација ќе се одржи на Пантовчак во 12 часот, место на Марков плоштад како што беше обичај досега и со најмал број гости.

        

На свеченоста се повикани 43 лица во три категории - функционери, вклучително и двајца поранешни претседатели Стјепан Месиќ и Иво Јосиповиќ.Претходно беше објавено дека инаугурацијата ќе започне со изведбата на хрватската химна испеана од Јосипа Лисац.

        

Милановиќ беше избран на функцијата на 5 јануари 2020 година, откако во вториот круг од претседателските избори ја победи актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.