Израел нападна позиции на Исламски џихад во Сирија

Двајца припадници на палестинската група Исламски џихад загинаа во напад на Израел врз Дамаск, соопшти денеска групата.

Нападот се случил кусо пред полноќ кога израелски авиони гаѓале позиции на Исламски џихад во Сирија, откако групата се судри со израелските сили околу Појасот Газа, пренесе „Ројтерс“.

Сириската новинска агенција „САНА“, повикувајќи се на воени извори, информира дека израелските авиони влегле во воздушниот простор на Сирија и гаѓале области околу Дамаск.

Според информациите на воените извори, повеќето од ракетите биле уништени пред да ги погодат целите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.