На Канарските острови затворен хотел поради коронавирусот

Хотел на Тенерифе, најголемиот остров во групата Канарски острови, е под карантин и на гостите им е забрането да го напуштат објектот, откако било утврдено дека италијански лекар, гостин на хотелоот, бил позитивен на коронавирус.

Околу 1.000 гости во хотелот „Коста Адеје Палас“ ќе останат во своите соби сè додека не бидат завршени сите потребни медицински тестови, јавија шпанските медиуми, а пренесе „Би-би-си“.

Заболениот лекар е, наводно, од италијанскиот регион Ломбардија, каде властите се борат со растечката епидемија.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека светот треба да се подготви за можна пандемија, односно состојба во која заразна болест рапидно се шири во многу земји.

Еден гостин во хотелот на „Фејсбук“ објави слика од пораката што му била доставена под вратата на неговата соба.

„За жал, мора да ве известиме дека хотелот е привремено затворен од здравствени причини. Ве молиме останете во вашите простории“, се вели во пораката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.