Прв случај на коронавирус во копнениот дел на Шпанија

Шпанската влада соопшти дека една жена од Барселона е позитивна на коронавирус по неодамнешното патување во северна Италија, пренесе Ројтерс.

 

Претходно,  околу илјада туристи во хотел на шпанскиот остров Тенерифе, на Канарските Острови, беа ставени во карантин откако италијански лекар, кој бил таму на одмор, бил позитивен на коронавирус.

 

„Засега гостите ќе останат во хотелот до вториот тест и во зависност од резултатите, ќе бидат преземени соодветни здравствени мерки“, рече портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.