Приведени 1.500 лица за продажба на фалсификувани медицински маски

Во Кина уапсени се повеќе од 1.500 лица за производство и продажба на фалсификувани медицински маски. Ова го објави Министерството за јавна безбедност на земјата.

 

„Приведени се над 1560 лица. Истражени се вкупно 688 случаи. Полицијата заплени повеќе од 31 милиони фалсификувани производи произведени без исполнување на националните и меѓународните стандарди“, велат од Министерството.

 

Според кинескиот закон, сторителите можат да добијат доживотен затвор за ова дело, пренесуваат медиумите.

 

Вредноста на одземениот имот е 174 милиони јуани (повеќе од 24,8 милиони долари).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.