Јапонија ќе ги затвори сите училишта до март поради коронавирусот

Јапонија ќе ги затвори сите училишта во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.

Премиерот Шинзо Абе ги замоли сите јапонски училишта да бидат затворени еден месец за да помогнат да се спречи ширењето на вирусот. Ова е втора земја, по Кина, којашто ги затвора училиштата поради епидемијата.

Говорејќи пред состанокот на работна група за коронавирусот,  Абе рече дека  „приоритет му е здравјето и безбедноста на децата“ и се обидува да превенира широка распространетост на вирусот.

Бројот на случаи на коронавирус постојано се зголемува во Јапонија, достигнувајќи 186, вклучувајќи и четири смртни случаи. Исто така, има повеќе од 700 случаи и четворица смртни случаи на бродот закотвен во Јокохама, Јапонија.

Абе рече дека училиштата треба да останат затворени до пролетната пауза. Јапонската учебна година завршува во март, а новата година обично започнува на почетокот на април.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.