Се повеќе заразени во Европа! Прв случај на коронавирус на Малта, заразено 12-годишно девојче

Во Франција и Шпанија има нови смртни случаи од КОВИД-19. Болеста продолжува да се шири низ Западна Европа, каде се потребни се повеќе мерки за контрола на инфекцијата.

 

Во Франција бројката надмина 700 лица. Има повеќе од 100 нови случаи во еден ден. Починати се 11 лица.

 

Во Шпанија, двајца починале, а вкупната бројка на смртни случаи е 10. Холандија исто така прогласи инфекција кај повеќе случаи.

 

Папата Фрањо најави дека традиционалната молитва на Ангелот Господов ќе се спроведува преку видео. 

 

Првиот случај на новиот коронавирус е потврден во Млата, соопшти Министерството за здравство на земјата.

 

Пациентот е 12-годишно девојче кое во се вратило од Италија во вторникот.

 

Светската здравствена организација соопшти дека речиси 100.000 луѓе ширум светот заболеле од коронавирусот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.