
Четврта жртва на коронавирусот во Грција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Март 2020

Четврта жртва на коронавирус во Грција. 53-годишен маж починал во болница во Солун, јавија грчките медиуми.
Според грчките медиуми, човекот работел во болница во градот Костур во лабораторија за микробиологија и имал здравствен проблем. Тој во понеделникот бил примен во болница во Кожани, а здравјето му се влошило во вторникот. Тој бил сместен на апарат и бил пренесен во Солунската болница, каде починал рано утрово.
Два смртни случаи на коронавирус беа потврдени вчера во Грција, една во Закинтос и една во Птоломеида, а првата смрт беше потврдена во четвртокот во Патрас.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Грција заклучно со вчерашниот ден е 228 лица, од кои 57 се хоспитализирани.
Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.
Останете дома - спасете го човечкиот живот!
МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА
ОДГОВОРНО ЗАЕДНО
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
