Уште 8 нови случаи на КОВИД-19 во Бугарија

Уште осум нови случаи на коронавирус во Бугарија. Ова беше објавено на редовниот брифинг денеска од страна на началникот на Националната канцеларија за операци, Венцислав Мутафчиски. Вкупниот број заразени со КОВИД-19 во Бугарија е 51.

 

„На ММА беа анализирани 83 примероци. Врз основа на нив, идентификувани се 6 позитивни пациенти. Во Националната лабораторија се анализирани 51 примероци, од кои 2 се позитивни“, рече Мутафчиски.

 

"Во Варна земени се 12 примероци, еден од нив е позитивен и потврден од Националниот центар и затоа го пријавуваме. Нека нема збунетост, 8 се нови случаи во Бугарија. Во Стара Загора имаме 16 негативни. Вкупниот број на регистрирани пациенти кои имаат коронавирус е 51, од кои двајца починаа“, рече Мутафчииски.

 

Ситуацијата во нашата земја во моментот изгледа вака: „Има 10 лица сместени во Воената медицинска академија, пет се во белодробната болница и 1 во болницата Пирогов“. Во Плевен има четири пациенти, откако минатата вечер е потврдена инфекција, двајца во Габрово и еден во Варна“, заклучи Мутафчијски.

 

„Сакам да го споделам со вас движењето на пациентот во Варна. Во екот на епидемијата во Италија, тој оди во Бергамо, потоа во Барселона, а потоа се враќа во Софија, а потоа и во Варна. Ова е многу неодговорно однесување. Фала му на Бога што отиде во болница“, додаде Мутафчиски.

 

„Еден пациент може да зарази околу 800 луѓе за неколку дена. Затоа апелираме да нема непотребни прошетки“, порача началникот на Националниот штаб за операции, на редовниот брифиг со бугарските новинари.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА

ОДГОВОРНО ЗАЕДНО





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.