Уште 73 лица заболени од коронавирус во Србија, вкупно 457 заразени досега и седум починати

Во Република Србија досега се регистрирани вкупно 457 лица заразени со коронавирус, што е за 73 повеќе од вчера. Од новопотврдените заболени, 47 се хоспитализирани. А бројот на починатите се искачи на седум.

Починатиот 46-годишен пациент во КБЦ „Д-р Драгиша Мисовиќ“ е седмата жртва на коронавирус.

Од последниот извештај тестирани се примероци од 295 лица, од кои 73 беа позитивни и 222 негативни на новиот коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.