Болница на вода - американски воен брод отплови кон Њујорк

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја испрати воената брод-болница на патување во Њујорк за да потенцира дека федералните власти реагираат на епидемијата на коронавирусот.

Воениот брод „Комфорт“, со капацитет од повеќе од над илјада болнички кревети, беше подложен на редовен ремонт кога се добија наредби за итно оспособување да прими пациенти во Њујорк, епицентарот на епидемијата на САД.

When you need the very best - Ready on Arrival!#USNSMercy arrived in Los Angeles, Calif., on Friday and will begin seeing patients this weekend. Later today her sister ship, #USNSComfort will depart Norfolk, Va., and head to New York City. #COVID19 #USNavyAlwaysThere pic.twitter.com/dQN6XzFfD7

— U.S. Navy (@USNavy) March 28, 2020

„Нема да се гушкам и се ракувам со луѓето, но ќе им испратам јасна порака на благодарност“, рече Трамп говорејќи за воениот тим кој работел на сервисирање на бродот и здравствените работници.

Бродот „Комфорт“ некогаш служеше како нафтен танкер, а потоа се преуреди во пловечки ургентен трауматолошки центар за американски војници повредени за време на борбените операции. Овој брод, стар речиси еден век, има 1.100 медицински работници, 12 операциони сали, одделенија за радиологија и интензивна нега, скенер, лабораторија и аптека, а во минатото бил оперативен и во ситуации слични на сегашноста - за време на Првата светска војна и за време на пандемијата на шпанска треска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.