За еден ден во Италија починаа 889 луѓe, бројот на смртни случаи надмина 10.000 лица

Во Италија починаа 889 лица во последните 24 часа, а пријавени се 5.974 нови случаи на коронавирус, пренесуваат италијанските медиуми.

Во оваа земја досега починале 10.023 луѓе, а заразени се 92.472 лица.

Според последните податоци, досега во земјата заздравеа 12.384 луѓе.

Италија има најголем број заразени од коронавирусот во Европа, а е втора во светот по САД каде досега се регистрирани над 110.000 лица позитивни на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.