Во Хрватска има 657 случаи на заболени со коронавирус, заразен и првиот политичар

Во еден ден, во Хрватска се пријавени 71 нови случаи на коронавирус, што е значително помалку од петокот.

Инфицирани се вкупно 657, а 49 се излечиле.

Вчера Хрватска објави за смртта на уште две лица - 92 и 60-годишни жени кои починаа од вирусот, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на петмина.

Синоќа, првиот хрватски политичар исто така објави дека е позитивен за коронавирусот, а станува збор за градоначалникот на Солин, Далибор Нинчевиќ, кој ја објави веста на Фејсбук.

Синоќа стана извесно и дека состојбата на две заразени лица кои итно биле пренесени од Дубровник во Сплит се влошила. Сега се на респиратор, пишува „Индекс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.