Меркел се јавила да се заблагодари, пожарникар ѝ ја спуштил слушалката

Германската канцеларка Ангела Меркел сакала во телефонски разговор да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес во кризата за време на коронавирусот, но командант на противпожарна служба и ја спуштил слушалката, пренесува агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се на германските медиуми.

Канцеларката ја повикала противпожарната служба во Берген, но шефот на таа единица Андре Мусвик, кој одговорил на повикот, помислил дека станува збор за шега од една локална радиостаница.

За да не биде предмет на исмевање, раководителот на противпожарната единицата веднаш го прекинал разговорот, пишува германскиот весник „Нордкурир“.

Сепак, малку подоцна, телефонот повторно заѕвонел и се јавила прес-службата на канцеларката, објаснувајќи дека тоа е навистина повик од Ангела Меркел.

Потоа, Меркел повторно се јавила и им се заблагодарила на пожарникарите за нивната работа.

Таа преку медиумите дознала дека пожарникарите во Берген по негативните тестирања за коронавирус, решиле доброволно да се стават во карантин, за да останат здрави и да можат да им служат на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.