Путин и Трамп разговараа за коронавирусот и за нафтата

Рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот лидер, Доналд Трамп, телефонски разговараа за најгорливите проблеми во светот, ширењето на коронавирусот и за состојбата на пазарот на нафта, соопшти Кремљ.

„Путин и Трамп изразија загриженост за степенот на ширење на коронавирусот во светот и разменија информации за мерките преземени во САД и Русија за борба против заканата“, пренесува Спутник.

Според Кремљ, двајцата лидери разговарале и за поблиска соработка во борбата против пандемијата на вируси. За време на разговорот станало збор и за ситуацијата на пазарот на нафта, а претседателите се согласиле дека консултациите треба да продолжат на ниво на министрите за енергија. Разговорот бил инициран од американска страна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.