Најголем дневен раст во Русија - 500 заразени за 24 часа

Во Русија, бројот на заразени лица во изминатите 24 часа се зголеми за 500, што е најголем пораст за еден ден во оваа земја.

Инфицирани се вкупно 2.337 лица, а епидемијата во Русија започна пред седумнаесет дена кога беше пријавен првиот случај на инфекција, пренесуваат светските агенции.

Досега, осумнаесет лица заразени со вирусот Ковид-19 починале во Русија и 121 се опоравиле.

Повеќе од 201.000 луѓе во Русија се под медицински надзор за коронавирус, соопштија денеска руските здравствени власти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.