Србија ги затвора обложувачниците, казината, вежбалниците, фризерските салони...

Српската влада донесе нови мерки во борбата со ширењето на коронавирусот.

„Танјуг“ пренесува дека Владата донела одлука за затворање на сите објекти кои подразбираат близок физички контакт, како што се фризерски и козметички салони, фитнес-клубови, вежбалници...

Донесена е одлука и за затворање на сите обложувачници и казина. Од денеска тие може да работат само преку електронски пат.

Српската влада одлучи знамињата на сите јавни институции од денес да бидат спуштени на половина копје, на неодредено време.

Одлучено е и за одредени професии домашната самоизолација да важи 14, наместо 28 дена, а тоа се однесува на здравствените работници, како и за припадниците на Министерството за внатрешни работи и војската.

„Своите работни задачи ќе продолжат да ги извршуваат со целосна заштитна опрема и нивната здравствена состојба редовно ќе се следи“, соопштија од Владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.