Путин во изолација: по посетата на заразен лекар, рускиот претседател одлучи да работи од далечина

Рускиот претседател, Владимир Путин, реши да ја одржи денешната средба со членовите на владата преку видеоконференција, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден по потврденото присуството на коронавирус кај директорот на болницата кај кого Путин беше во посета минатата недела.

Денис Прошченко му беше домаќин на претседателот на Русија, кој ја посети московската болница, каде што се лекуваат заболени од Ковид-19.

Кога дознал дека Прошченко е заразен, тој се заклучил во својата канцеларија.

Кремљ тврди дека сè е во ред со здравјето на Путин, дека тој одржува пропишана оддалеченост од луѓето и дека работи во изолација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.