Австрија ги отвора продавниците по Велигден, а хотелите од средината на мај

Австрија постепено ќе ги отвори продавниците по Велигден, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Помалите продавници, продавниците за домашни работи и градинарските центри ќе се отворат од 14 април“, рече Курц на прес-конференција.

„Училиштата треба да продолжат да работат до средината на мај“.

„Сите други продавници, трговски центри и салони за коса ќе бидат отворени од 1 мај, а рестораните и хотелите ќе започнат со работа повторно кон средината на мај, најрано.

Училиштата треба да продолжат со работа до средината на мај, со тоа што одлуката за продолжување на школувањето ќе ја донесеме на крајот на април “, рече Курц, пренесува Си-ен-ен.

Во Австрија досега има повеќе од 12.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус, а најмалку 200 луѓе починале. Сепак, бројот на новозаразени постепено се намалува и во последните 24 часа се регистрирани само 7 нови случаи на инфекција со Ковид-19 .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.