Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната недела.

 

Во Данска моментно има 5.402 инфицирани лица со коронавирус, со досега 218 починати, но кривата на новозаразени почнува да се стабилизира.

 

Фредриксен вели дека овој потег е со цел да им се олесни на родителите околу грижата на децата се грижата за децата додека се на работа.

 

„За мене е сосема јасно дека наставниците и родителите се плашат од можна зараза. Затоа, децата за време на наставата треба да бидат што е можно повеќе надвор, а во училниците ќе мора да бидат одвоени на соодветно растојание. Училиштата ќе треба да посветат дополнително внимание на хигиената, а оној кој има и најмали симптоми на болеста нека остане дома“, рече премиерката.

 

Децата од шесто одделение нагоре нема да тргнат на училиште пред 10 мај, а сите завршни испити се одамна откажани. Големите јавни собири во земјата се откажани до август.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.