Бројот на починати од КОВИД-19 во Европа сега е над 120.000

Новиот коронавирус уби повеќе од 120.000 луѓе во Европа, а повеќе од три четвртини од смртните случаи се во Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија, објави АФП.

 

Агенцијата ги базира своите информации со агрегирање на официјални податоци, пренесуваат медиумите.

 

Со 120.140 смртни случаи и 1.344.117 заразени случаи, Европа е континентот најсилно погоден од пандемијата што се појави кон крајот на минатата година.

 

Италија има најголем број смртни случаи - 25.969, по што следат Шпанија со 22.902, Франција со 22.245 и Велика Британија со 19.506.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.