Девет нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, вкупниот број на заболени е 2.085

Шест луѓе починаа во Хрватска во последните 24 часа од коронавирус, а бројот на новозаболени е девет. Досега се потврдени 2.085 заразени, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

 

„Во изминатиот 24-часовен период имаме девет новодијагностицирани пациенти со Ковид-19, со што има вкупно 2.085 пациенти“, рече министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција.

 

Просечната возраст на заболените е 51,25 година. Просечна возраст на починатите е 79,2 години.

 

На респиратор има 17 пациенти. Тестирани се вкупно 36.917 лица, вклучително и 696 во изминатите 24 часа.

 

Во Хрватска од почетокот на епидемијата се излечиле вкупно 1.421 лице.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.