Во Италија има помалку смртни случаи, но повеќе заразени од коронавирус

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми за 269лица , што е намалување во однос на вчерашниот ден - кога имаше 285 жртви, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Меѓутоа бројот на заразени е 1.965, што е зголемување во однос на вчерашните 1.872.

 

Вкупниот број на смртни случаи од 21 февруари, кога за прв пат се појави вирусот во Италија, се зголеми на 28.236. Бројот на потврдени случаи, вклучувајќи починати или закрепнат од вирусот, достигна 207.428.

 

На одделението за интензивна нега денеска има 1.578 лица, што е помалку од вчерашните 1.694 пациенти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.