Повеќе од 3,7 милиони заболени од коронавирус во светот и над 1,2 милиони излекувани

Бројот на заболени од коронавирус во светот достигна 3.728.047, додека бројот на излекувани е 1.242.500.

 

Според најновите податоци, бројот на ново потврдени случаи во светот до утринава е 81.247, од кои 24.798 лица се во САД, 10.102 во Русија, 4.406 во Британија, додека Кина има еден ново потврден случај.

 

Во светот 258.356 луѓе починале од коронавирусот.

 

Најголем број на смртни случаи има во САД - 72.271, Велика Британија регистрира вкупно 29.427 смртни случаи, Италија - 29.315, Шпанија 25.613, Фрнција 25.531.

 

Од вкупниот број активни случаи на коронавирус во светот 98 проценти имаат благи симптоми, додека два проценти се во сериозна или критична состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.