Над 75.000 мртви од коронавирус во САД

Бројот на смртни случаи на коронавирус во САД надмина 75.000 лица, а нивниот број во просек изнесува две илјади луѓе на ден од средината на април и покрај обидите да се забави епидемијата.

Бројот на починати е поголем од последиците од сезонскиот грип и е исто така поголем од бројот на смртни случаи во текот на првите десет години од епидемијата на СИДА во САД, од 1981 до 1991 година.

Бројот на заразени надминува 1,25 милиони со оглед на тоа што бројот на новозаразените и понатаму расте во многу држави на САД, вклучувајќи ги Илиноис, Мериленд, Минесота, Тенеси, Тексас, Вирџинија и Висконсин, покажуваат податоците.

Њујорк и Њу Џерси, двете земји со најголем број случаи на инфекција со коронавирус, во последниве недели бележат пад на бројот на новозаболени.

Некои експерти за здравство предвидуваат зголемување на смртните случаи подоцна ова лето, бидејќи Американците повторно почнуваат да јадат во ресторани и повторно одат во спортски сали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.