Две нови жртви на КОВИД-19 во Бугарија, заразени се 1872 лица

1872 потврдени случаи на КОВИД-19 има во Бугарија според податоците на Националниот оперативен штаб, заклучно со денешниот ден. Денеска се потврдени уште 7 нови случаи.

 

379 лица со потврден КОВИД-19 се сместени во медицински установи. 49 од нив се во одделенијата за интензивна нега на клиниките.

 

201 медицински персонал има потврдена инфекција со коронавирус или 11% од сите идентификувани случаи на КОВИД-19.

 

Во однос на општата слика: 914 од регистрираните случаи на КОВИД-19 во Бугарија се мажи и 958 жени. Просечната возраст на оние на кои им била дијагностицирана инфекцијата е 48 години.

 

Вкупниот број на починати лица со КОВИД-19 во Бугарија е 86. Пациентот кој денеска починал страдал од цереброваскуларни заболувања и хипертензија и доживеал мозочен удар, а втората жртва е 52-годишна жена која имала ангина и хипертензија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.