Мексико изгуби повеќе од половина милион работни места за еден месец

Пандемијата на ковид-19 го чинеше Мексико повеќе од 555.000 работни места во април, покажаа податоците од Државното биро за социјално осигурување во Мексико.

Ова значи дека 685.000 граѓани ги загубија своите работни места од воведувањето на ограничувањата во март.

Сега Мексико има официјално вработени 19,9 милиони. Статистиката не ги зема предвид неформалните работници, за кои се проценува дека претставуваат 57 отсто од вкупниот број на вработени.

Економски активното население, кое работеше или бараше работа, броеше 57 милиони во март во земја од 130 милиони жители.

Здравствените власти велат дека епидемијата достигнала врв што треба да трае барем до 20 мај. Мексико забележа 36.327 случаи на зараза и 3.573 смртни случаи.

Пандемијата може да доведе речиси 10 милиони луѓе да не заработуваат доволно за да ги покријат основните трошоци, предупреди Националниот совет за процена на мерките за социјален развој.

Ковид-19 може да го поништи напредокот во социјалниот развој, постигнат во изминатите десет години, додаваат тие.

Околу 52 милиони луѓе во Мексико спаѓаат во категоријата сиромашни, наведува dpа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.